Џејмс Харден одигра извонреден натпревар синоќа против Денвер, постигнувајќи 32 поена, 11 асистенции и 6 скока, но тоа не беше доволно за водство на Клиперс во серијата.
Токму поради одличната игра, нему му беше најтешко по мечот, дури не сакаше да му честита на противникот со изговор дека неговите играчи не направиле ништо за да победат.
„Изгубивме топки кои не беа изнудени, туку ние им ги подаривме. Така беше цел натпревар. Денвер ништо не направи, туку ние. Се…“, огорчено изјави Харден.
Клиперс загуби дури 20 топки, дел од нив во моментите кога имаше и двоцифрена предност, овозможувајќи му на противникот да се врати во игра и на крајот да поведе со 1-0. Вториот меч се игра во вторник, во 4 часот наутро.


