Екипата на Голден Стејт со брејк ја отвори серијата против Хјустон откако ноќеска славеше со 95-85, на крилјата на фантастичниот Стеф Кари.
Родениот шампион знае кога е најпотребно да ја преземе лидерската улога, па во Тексас постигна 31 од вкупно 95 поени на Вориорс или безмалку една третина. Погодуваше од сите страни, од голема далечина, од невозможни позиции, а имаше и добар процент (12/19).
STEPH WAS SIZZLING IN GAME 1!!
🍳 31 PTS
🍳 6 REB
🍳 5 3PMWarriors take a 1-0 series lead behind some unreal moments from Curry 🔥 pic.twitter.com/rHk66dqNti
— NBA (@NBA) April 21, 2025
Не застана ни во најважните моменти, кога Хјустон се закани со пресврт и од -23 дојде на само три поени негатива, во последната четвртина. Кога тој ќе потзастанеше, на сцена стапуваше уште еден ветеран, Џими Батлер кој натпреварот го заврши со 25 поени, седум скока и шест асистенции.

Алперен Шенѓун го предводеше Хјустон со 26 поени, но во нападот потфрлија останатите играчи на домашниот тим, па Рокитс останаа на мизерни 85 поени, премалку за да се совлада потентен ривал како Голден Стејт. Шанса за реванш Хјустон ќе има во вториот меч кој, исто така го игра на домашен терен.
РЕЗУЛТАТИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Кливленд – Мајами 121-100 (1-0)
Бостон – Орландо 103-86 (1-0)
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Хјустон – Голден Стејт 85-95 (0-1)
Оклахома – Мемфис 131-80 (1-0)


