Кошаркарот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон е добитник на наградата „Џери Вест“ која му се доделува на играчот што е најдобар во неизвесни завршници (clutch player).
Брансон заврши на првото место во гласањето, пред Никола Јокиќ за кого многумина мислеа дека ќе го добие признанието. На третото место заврши Ентони Едвардс од Минесота кој исто така реши неколку натпревари со кошеви во финишот.
Кошаркарот на Њујорк оваа сезона беше еден од најдобрите во лигата со ефект од 26,5 поени, 7,3 асистенции и 2,8 скокови, но најважно е тоа што никој не беше подобар и поефикасен од него во неизвесните завршниците. Пред него, оваа награда ја освојуваа Стеф Кари и Диерон Фокс.
За Јокиќ останува уште една шанса да дојде до индивидуално признание оваа сезона бидејќи е номиниран за МВП, заедно со Шеј Гилџес Александер и Јанис Адетокунбо.


