Она низ што лани помина Денвер, сега на своја кожа го чувствуваа кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс.
Минесота Тимбервулфс води со 2-1 во победи во пресметката од првото коло од НБА плејофот откако ноќеска на домашен терен, ја доби третата средба од серијата со 116-104. Дуелот беше изедначен во текот на првите три четвртини, но домаќините ја презедоа контролата во втората половина од третата четвртина. Лејкерс израмнија на 103-103 во финишот, домашните одговорија со клучна серија од 13-1 со која ја осигураа победата. Најдобар играч беше Џејден Мекдениелс, кој постигна 30 поени, но подеднакво голем придонес имаа Ентони Едвардс кој постигна 29 поени, осум скокови и осум асистенции.
На спротивната страна Леброн Џејмс заврши со 38 поени, 10 скокови, две украдени топки и две блокади, но изостана поддршката од соиграчите. Лука Дончиќ, кој настапи со стомачен вирус, одигра под своето ниво – мечот го заврши со 17 поени, седум скокови и осум асистенции.

И четвртиот натпревар од серијата се игра во Минеаполис каде Вулфс ќе имаат можност да дојдат до огромна предност.
РЕЗУЛТАТИ
Орландо – Бостон 95-93 (1-2)
Милвоки – Индијана 117-101 (1-2)
Минесота – ЛА Лејкерс 116-104 (2-1)


