Минесота Тимбервулфс води со 3-1 во серијата со Лос Анџелес Лејкерс откако синоќа, во четвртиот натпревар славеше со 116-113.
Лејкерс пропуштија голема шанса да израмнат и да го вратат брејкот бидејќи во текот на мечот имаа и двоцифрена предност и со +10 влегоа во последната четвртина. Најважно од се, покрај Дончиќ и Леброн, ги имаа расположени и Хачимура и Ривс кои стрелаа од сите позиции и погодија вкупно 10 тројки, но и тоа се покажа да се победи младиот и полетен тим на Минесота.
По многу перипетии и промени на водството, победникот на мечот се решаваше во последната минута. За трагичар може да се прогласи Леброн Џејмс кој во два напада по ред направи грешки и им ја подари топката на противниците. Минесота искористи еден од нив и преку Мекдениелс дојде до водство од 114-113. Лејкерс имаа доволно време за напад, но не успеаја да изведат од страна, домаќините ја украдоа топката и преку слободните фрлања на Едвардс го заклучија мечот. На таа ситуација претходеше челинџ од домашниот тренер кој сметаше дека Леброн направил фаул врз Едвардс, судиите ја прегледаа снимката и утврдија дека навистина имало лична грешка, па им овозможија на домашните кошаркари да стават точка на натпреварот.

Иако и другите кошаркари, пред се Рендл, Мекдениел и Рид имаа голем придонес, апсолутен херој за победата на Минесота е Ентони Едвардс кој е сосема друг играч кога ќе дојде плејофот. Лани го растури Денвер во втората рунда, а синоќа блескаше против Лејкерс, постигнувајќи 43 поени, 9 скока и 6 асистенции.
На спротивната страна, Дончиќ постигна 38 поени, Леброн беше на чекор од трипл даблл со 27 поени, 12 скока и 8 асистенции, а Рендл додаде 25 поени. Петтиот меч од серијата се игра во Лос Анџелес, а Лејкерс немаат друг избор, освен победа ако сакаат да си ја продолжат серијата.
РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Индијана 103-129 (1-3)
Орландо – Бостон 98-107 (1-3)
Минесота – ЛА Лејкерс 116-113 (3-1)
Детроит – Њујорк 93-94 (1-3)


