Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Дејмијан Лилард ја заврши оваа сезона откако денеска му е дијагностицирана повреда на Ахиловата тетива на левата нога.
Бакс се пред елиминација од Индијана бидејќи губат со 1-3 во серијата и поради тоа сезоната за Лилард можеше ионака брзо да заврши, но многу полошо е тоа што дел од медиумите во САД шпекулираат дека е можно ова за него да значи крај на кариерата. Неодамна нему му беше дијагностициран тромб, но експресно брзо се излечи и се врати во тимот на почетокот од плејофот.
Во случај да одлучи да ја продолжи кариерата, искусниот плејмејкер ќе има половина година да се подготви за новата сезона.


