Екипата на Кливленд Кавалирс е втор учесник во конференциското полуфинале откако, како и Оклахома, со 4-0 го елиминира својот ривал, во случајот Мајами Хит.
Последниот меч, одигран на Флорида, заврши со триумф на Кавс од 138-83 и за малку не беше соборена рекордната разлика на еден плејоф натпревар која изнесува 58 поени, а го држи Денвер од еден меч против Њу Орлеанс во 2009 година. Во еден период беше и 60 разлика за Кливленд, но Мајами некако успеа да покрие барем еден срам.
Вториот не успеа затоа што на четирите меча од оваа серија, Кливленд имаше +122 што е рекордна разлика во една плејоф серија. Досегашниот рекорд го држеше Орландо од серијата во конференциското полуфинале против Атланта во 2010 година кога победи со вкупно 101 поен.
Интересно е тоа што и покрај убедливата победа, најефикасниот играч кај Кливленд постигна само 22 поена (Донован Мичел). Најдобрата плејоф партија во кариерата ја одигра Никола Јовиќ кој го предводеше Мајами со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Кливленд 83-138 (0-4)
Голден Стејт – Хјустон 109-106 (3-1)


