Лос Анџелес Клиперс го одбрани домашниот терен на шестиот натпревар и се избори за „мајсторка“ во серијата против Денвер, во првата рунда од плејофот.
Во шестиот меч, тимот од Калифорнија славеше со 111-105, па целата серија на овие две екипи ќе се решава во последните 48 минути в сабота навечер. Победникот на овој натпревар беше решен во третата четвртина во која Клиперс направија предност од 15 разлика (88-73) која потоа умешно ја задржаа до крајот. Денвер успеа во финишот да се доближи на -5, но немаше време да се загрози победата на домашниот тим.
Џејмс Харден одигра одличен натпревар, постигна 28 поени со 8 асистенции и 6 скока, а се истакна и Ленард со 27 поени и 10 скока. Кај Денвер, најефикасен беше Никола Јокиќ кој постигна 25 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Пласман во втората рунда од плејофот обезбеди Њујорк Никс кој го победи Денвер како гостин со 116-113 и со вкупно 4-2 ја заврши серијата. Следен противник на Никс ќе биде актуелниот шампион Бостон Селтикс.


