Најуспешниот тренер во историјата на НБА лигата, Грег Попович официјално ја напушта тренерската позиција во Сан Антонио Спарс, а со тоа и ја завршува тренерска кариера.
На клупата на тимот од Тексас, тој беше 29 години, од сезоната 1996/97 и оттогаш оствари вкупно 1.422 победи, најмногу од сите тренери во постоењето на НБА лигата. Освен тоа, освои и пет шампионски прстени, сите со Сан Антонио и три пати беше прогласуван за тренер на годината.
На 2 ноември 2024 година, тој имаше мозочен удар поради што ја остави екипата и повеќе на се врати на клупата. Неговата позиција ја пополни асистентот Мич Џонсон како привремен тренер, но се чини дека тој ќе биде назначен за нов постојан предводник на Сан Антонио.
Од друга страна, Попович се уште нема да си замине и ќе остане во Спарс, но на друга позиција. Франшизата објави дека тој во иднина ќе биде претседател за кошаркарски операции.


