Шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс обезбеди пласман во полуфиналето на Западната конференција откако во седмиот меч од серијата со Лос Анџелес Клиперс славеше убедлив триумф, со 120-101.
Се очекуваше драматична борба во „мајсторката“, но Нагетс ги решија сите дилеми во третата четвртина кога по серијата од 17-0 отидоа на огромни 82-54 и оттогаш победата во ниеден момент не беше доведена во прашање. Гостите повторно одигра добра одбрана на Никола Јокиќ, но отворија многу простор за другите кошаркари кои го искористија тоа за да го наполнат противничкиот кош.
Во такви услови, Гордон беше најефикасен со 22 поена, Браун додаде 21, а Јокиќ остана со 16 поени, 10 скока и 8 асистенции. Харден потфрли кај Клиперс со постигнати само седум поени (2/8) од игра, па залуден беше ефектот на Ленард кој беше најефикасен во својот тим со 22 поена.

Во конференциското полуфинале, Денвер ќе игра со Оклахома која веќе една недела го чека својот ривал затоа што со 4-0 го елиминира Мемфис.


