Неверојатната традиција која почна пред 14 години се уште трае – Црвена Звезда го победи ФМП со 94-93 во последното коло од основниот дел во АБА лигата.
Тоа беше 44. победа во низа на актуелниот шампион во регионалното натпреварување против својот „братски клуб“ иако сега малку недостасувше да дојде до крај на неверојатната серија. Џејкоб Стивес, кој беше убедливо најдобар играч на ФМП со постигнати 29 поени, имаше шут за победа во последната секунда, но неговиот обид беше непрецизен и тимот од Железник не успеа да дојде до првата победа против Звезда по 2011 година.
Ова беше можеби најголема шанса ФМП да дојде до победа против Звезда бидејќи натпреварот немаше никакво резултатско значење. Уште пред почетокот беше јасно дека „црвено-белите“ ќе завршат на четвртото место, а ФМП немаше никакви изгледи да се пласира во плејофот и сезоната ја завршува на десеттата позиција.


