Се поголем е бројот на американски медиуми кои тврдат дека Јанис Адетокунбо го одигра своето во Милвоки Бакс и дека од идната сезона ќе носи дрес на друга екипа.
Елиминацијата од Индијана беше капката што ја прели чашата, Бакс по 2021 година кога станаа шампиони, не се кандидати за титулата, а тоа не му се допаѓа на грчкиот репрезентативец и не се совпаѓа со неговите амбиции. Иако се уште ништо не одлучил, се спомнуваат три екипи каде што би можел да ја продолжи кариерата.
Две од нив се од Источната конференција, Мајами и Њујорк, но вистински спектакл би било ако се реализира третата опција – Лос Анџелес Лејкерс. Во таков случај, тимот од Калифорнија би имал магично трио, едно од најдобрите во историјата на НБА бидејќи Адетокунбо би им се придружил на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Прашање е дали тоа се поклопува со буџетот на Лејкерс, но овој тим и пред неколку години имаше три големи ѕвезди и група споредни играчи, па сепак функционираше и дури освои една шампионска титула.


