Вечерва во Љубљана се одигра вториот натпревар од финалната серија во АБА 2 лигата, меѓу Илирија и Босна.
Илирија имаше шанса со победа да се пласира во АБА лигата, но загуби со 68-77 и патникот во елитниот ранг ќе се бара идната недела во „мајсторката“ во Сараево. Сепак, триумфот на Босна не беше најзначајниот момент од овој натпревар, туку одлуката на судиите да ја избркаат словенечката и југословенска кошаркарска легенда Иво Данеу од салата Тиволи.
What a disgrace from @ABA_League2. The refferees removed basketball legend Ivo Daneu from the hall – in the same hall Ivo won the World Championship tittle in 1970. 🤠🤠🤠 pic.twitter.com/fqnKaICx3s
— Matic Burjak (@burito_69_) May 7, 2025
Тој беше незадоволен од неколку нивни одлуки и гласно протестираше против тоа, а судиите се дрзнаа да побараат од него, преку обезбедувањето да го напушти својот втор дом. Или, како што рече словенечкиот коментатор, од салата каде што во 1970 година стана светски шампион.
На натпреварот во Љубљана присуствуваше и Лука Дончиќ кој неодамна ја заврши сезоната во НБА и со словенечкиот селектор Александер Секулиќ и легендарниот Марко Милиќ го проследи мечот.


