Откако во првиот натпревар буквално блескаше и постигна 42 поена и 22 скока, Никола Јокиќ тотално потфрли во вториот дуел од серијата со Оклахома и има голема вина за дебаклот на неговиот тим.
Денвер ја оствари својата цел и со брејк се враќа дома, но тоа не може да го покрие фактот што Јокиќ утринава одигра катастрофално лошо, всушност најлошо откако игра во НБА лигата. Кога ќе се земе предвид крајната статистика, тоа можеби и не делува толку ужасно бидејќи постигна 17 поени, осум скока и шест асистенции.
Nikola Jokic was -36 tonight.
— StatMuse (@statmuse) May 8, 2025
The lowest plus/minus of his career. pic.twitter.com/DwExS7Z16L
Вистинската слика се добива кога ќе се загребе под површината затоа што шутираше 6/16 од игра, беше надигран од противничките центри, но и губеше топки, ништо не му одеше од рака и најважно од се, беше многу нервозен. Тоа и беше причината што теренот го напушти во третата четвртина поради шест лични грешки.
Податокот кој потврдува колку навистина одигра лошо е статистичката категорија +/- која изнесуваше -36 што значи дека која тој бил на терен, Денвер имал 36 поени негатива. Тоа е негов најлош ефект во кариерата, сметајќи ги натпреварите и во основниот дел од сезоната и од плејофот. За споредба, Шеј Гилџес Александер на овој меч имаше +51.


