На општо изненадување, Њујорк Никс си заминува од Бостон со предност од 2-0 и има можност на домашен терен да го „исчисти“ актуелниот НБА шампион.
Ноќеска Никс славеа на теренот на најтрофејниот тим во НБА со 91-90 за втор брејк во серијата во која им требаат уште две победи. Мечот многу наликуваше на оној одигран пред два дена бидејќи Бостон повторно имаше предност од 20 разлика (73-53) и повторно премногу инсистираше на шут за тројка (10/40).
На нешто помалку од девет минути пред крајот, предност на Селтикс изнесуваше 16 поени (84-68), но Њујорк не се предаде. Кош по кош ја достигна негативата и на десетина секунди пред крајот по слободните фрлања на Брансон дојде до предност од еден поен. Во последниот напад Тејтум се обиде да поентира и да му донесе победа на Бостон, Бриџис му ја украде топката и му донесе триумф на гостинскиот тим.
Џош Харт ги предводеше Никс со 23 поени, Таунс додаде 21, а Брансон 17. Кај Бостон, со по 20 поени се истакнаа Браун и Вајт, но бранителот на титулата го очекува исклучително тешка задача во Медисон Сквер Гарден.


