Собранието на АБА денеска одржа седница во онлајн формат на која главна тема беше усвојувањето на извештајот на Работната група во врска со проширувањето на првата лига.
Потврдено е дека елитната конкуренција може да брои максимум 20 екипи идната сезона, но дека новите учесници ќе можат да влезат само со специјални покани кои ќе наплаќаат. Засега уште не се знае колкава ќе биде сумата, а се спомнуваат 200, 300 и 500 илјади евра што не е изненадување ако се знае дека Дубаи лани плати 1,7 милиони.
Во следниот период ќе се разговара со заинтересираните клубови меѓу кои и македонскиот шампион МЗТ Скопје. Можноста за плаќање за специјална покана важи и за клубовите кои би испаднале оваа сезона, Морнар кој веќе испадна и Цибона која ќе игра бараж со поразениот од финалето во АБА 2 каде се среќаваат Босна и Илирија.
Интерес за влез во АБА лигата постоеше и од Виена, Клуж и Абу Даби, а во следниот период ќе се знае дали ќе има клубови од оваа земја. Рокот за аплицирање за специјална покана е до 22 мај по што ќе се знае дали МЗТ Скопје официјално ќе побара учество во елитната дивизија на АБА.


