Денвер Нагетс повторно е во водство во серијата против Оклахома (2-1) откако утринава славеше во првиот меч на домашен терен со 113-104, по продолжение.
По 48 минути игра, резултатот беше 102-102, а во резултатската нишалка, двете екипи имаа свои моменти и свои шанси за победа. Тоа најдобро го отсликува последната минута во која, при водство од 102-99, Оклахома не го искористи својот напад да отиде на +5, за потоа Гордон да постигне тројка и да го израмни резултатот. Домаќините повторно не реализираа, а во последниот напад Јокиќ промаши и испушти победа во основниот дел на мечот.
Сепак, во дополнителните пет минути Денвер доминираше, прими само два поена и дојде до втората победа со која го одбрани домашниот терен.

Џамал Мареј со 27 поени беше најефикасен кај Денвер, Гордон постигна 22, а Портер 21. Ако се земат предвид голи броји, може да се добие впечаток дека и Никола Јокиќ бил на своето ниво бидејќи постигна 20 поени, 16 скока и 6 асистенции. Сепак, Србинот одигра еден од своите најлоши натпревари сезонава, имаше 0/11 за тројка и 8/25 од игра, загуби осум топки и повторно покажа знаци на нервоза.
За негова среќа, свој ден немаше ниту Шеј Гилџес Александер кој остана на 18 поени со шут од игра 7/22 иако додаде 13 скока и 7 асистенции. Вилијамс со 32 поена го предводеше најдобриот тим во НБА по основниот дел од сезоната.


