Денвер Нагетс води со 2-1 во серијата против Оклахома и покрај тоа што на последните два меча Никола Јокиќ не беше на потребното ниво.
Статистички гледано, бројките не се лоши, но подетална анализа ќе открие дека неговиот ефект е катастрофален. Само на третиот натпревар шутираше 0/11 за тројка и имаше осум загубени топки, па и самиот си призна дека играл очајно.
„Се обидувам да бидам присутен, одбраната во последната четвртина и продолжението беше добра. Тие се физички силна екипа, јас промашив многу шутеви, правев грешки и бев најлош играч на теренот, но победивме и тоа е најважно“, рече Јокиќ.
Шанса да го поправи впечатокот ќе има на четвртиот меч на кој Денвер повторно е домаќин и ќе може да дојде до водство од 3-1.


