Регионот вчера беше потресен од ненадејната смрт на поранешниот српски кошаркар Драган Лабовиќ кој остави длабока трага секаде каде што настапуваше во својата кариера.
Една сезона настапуваше и во поранешниот амбициозен македонски прволигаш Карпош Соколи со кого во 2017 година го освои Купот на Македонија и играше во финалето од домашниот плејоф. Сите во Карпош Соколи имаат прекрасни спомени со Лабовиќ, меѓу нив и главниот иницијатор и предводник на проектот Огнен Дедиќ.
„Еден живот вчера заврши, но едно дело засекогаш останува во Карпош Соколи. Драган Лабовиќ – збогум кошаркарски хероју“, порача Дедиќ.
Освен во Македонија и во својата татковина, Лабовиќ настапуваше и во Русија, Финска, Германија, Турција, Романија, Полска, Грција и Саудиска Арабија.


