Млад кошаркар од Б-тимот на Монако, чие име не е објавено, загина ноќеска во сообраќајна несреќа во Франција.
При враќањето од натпревар, минибусот со кој патувал тимот се пресвртел, а повредени се уште пет лица. Според истрагата, возачот заспал на воланот, полицијата објави дека бил негативен на дрога и алкохол.
„Монако со тага објавува дека се случи трагична несреќа при враќањето на Б-тимот во рамките на петтата лига на Франција. Еден играч го загуби животот, а пет лица се повредени и сите во моментов се на лекување“, објави Кошаркарскиот клуб Монако.
Загинатиот имал 17 години, уште еден 24-годишен кошаркар во моментов е во критична состојба, додека тренерот, возачот и уште двајца играчи имаат полесни повреди и се примени в болница.


