Викендов во Тетово се одржа завршниот турнир од У12 лигата во машка конкуренција, а титулата ја освои една од најуспешните школа во земјава – Вардар.
По триумфот против МЗТ Скопје во полуфиналето, „црвено-црните“ во денешното финале го совладаа Борец со 80-76 по две продолженија. Двете екипи имаа свои шанси порано да го решат прашањето околу победникот, но дури во второто продолжение Вардар се одлепи на 78-73 и потоа стави точка на маратонскиот меч.

За МВП на завршниот турнир беше прогласен кошаркарот на Вардар, Максим Данев кој во финалето постигна безмалку половина од вкупниот број поени на својот тим – 35.


