Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е на пат да почне НБА кариера, тврдат бројни специјализирани кошаркарски портали низ Европа.
Ако се одлучи на таков потег, тој ќе му се придружи на својот поранешен тренер Туомас Исало со кого соработуваше во Телеком Бон и Париз и освои бројни титули. Финскиот стручњак од неодамна е назначен за прв тренер во Мемфис Гризлис по една сезона помината како асистент и Шортс би можел повторно да замине кај него.
За натурализираниот Македонец постои опција да продолжи и во Евролигата имајќи предвид дека бројни европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.


