Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс ќе мора да ја спасува сезона без својот најдобар играч Џејсон Тејтум за кого синоќа официјално заврши оваа натпреварувачка кампања.
Тој се повреди на минута пред крајот од четвртиот дуел против Њујорк, а прегледите ги потврдија најлошите прогнози – скината Ахилова тетива поради што ќе мора да оди на операција. За вакви повреди, а особено операции е предвидена повеќе месечна пауза, па јасно е дека Тејтум нема да може повеќе да му помогне на Бостон оваа сезона.
Селтикс во моментов имаат негатива од 1-3 во серијата со Њујорк и ќе им треба чудо за да се пласираат во конференциското финале.


