Којзнае кој пат последните сезони, Милош Теодосиќ предизвика тежок инцидент за време на натпревар.
Порано тоа главно го правеше во Евролигата, но оваа сезона се „префрли“ и на АБА каде ова му е веќе втор ваков ексцес во последните три месеци. Во финишот од дуелот против Игокеа, на 38-годишниот плејмејкер му беше досудена техничка грешка по што почна расправија со судиите, но и со членови на раководството на АБА кои беа присутни.
Teodosić napao sudije, pa dobio isključenje pic.twitter.com/3FEp0d3l9j
— dedalaki (@dedalaki1) May 15, 2025
На еден од судиите му врескаше в лице за што доби уште една техничка грешка и автоматски беше исклучен, а потоа отиде кон Милија Војиновиќ и Срѓан Дожаи со кои ја продолжи расправијата. Притоа не штедеше навреди и пцовки кон сите присутни и на тој начин и го напушти теренот.


