Њујорк Никс е вториот финалист во Источната конференција откако на херојски начин го елиминира актуелниот шампион во НБА лигата, Бостон Селтикс.
Иако досегашниот шампион имаше големи проблеми поради повредата на Џејсон Тејтум, малкумина можеа да замислат во мечот што беше од клучно значење за него ќе загуби со 38 поени разлика (81-119). Натпреварот не понуди никаква драматика, ни неизвесност, од првото потфрлање на топката Никс ја имаа контролата над резултатот и уште на полувреме имаа +27.
Со исто темпо се продолжи и во третата четвртина, па на Селтикс не им остана ништо друго, освен да се помират со поразот. Тренерот Џо Мазула во финишот се помири со поразот и на теренот ги изнесе резервните играчи во очекување на формалниот крај на натпреварот.

Сите играчи на Њујорк беа расположени за игра, Брансон и Ануноби постигнаа по 23 поени, Бриџис имаше еден помалку, а Таунс заврши со 21 поен и 12 скока. Џош Харт стана прв играч на Никс со трипл дабл по Волт Фрејзер во 1972 година, постигнувајќи 10 поени, 11 асистенции и 11 скока. Кај Бостон се истакна само Џејлен Браун со 20 поени.
Ова е прв конференциско финале за Њујорк по 2000 година, а во него ќе се сретне со Индијана Пејсерс која во шест меча го елиминира Кливленд.


