Вечерва од 21:30 часот, Оклахома и Денвер ја играат „мајсторката“ од полуфиналето на Западот, а тимот од Колорадо ќе биде хендикепирана со неиграњето на еден од најважните играчи.
Станува збор за Ерон Гордон кој во два меча во овој плејоф ги постигна поените за победи, еднаш против Клиперс во првата рунда, а потоа и во првиот дуел со Оклахома. Освен тоа, во третиот натпревар од конференциското полуфинале постигна тројка за продолжение во кое подоцна Денвер славеше и поведе со 2-1.
Гордон има повреда на задната ложа и ќе мора да паузира неколку недели што значи дека дури и да победи Денвер вечерва, веројатно ќе биде без овој играч во целата серија против Минесота од финалето на Западната конференција, против Минесота.


