Плејмејкерот на Црвена Звезда, Милош Теодосиќ денеска ја доби казната по исклучувањето од вториот натпревар од серијата против Игокеа во четвртфиналето од АБА лигата.
Ветеранот е казнет со три натпревари неиграње што е добра вест за него бидејќи максималната казна изнесуваше пет меча. Ова значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти цела серија против Будуќност, а ако таа заврши во два натпревара и Звезда се пласира во финалето, нема да игра ни на првиот дуел од него. Освен тоа, треба да плати и парична казна во висина од 10 илјади евра.
Ова не е прв инцидент што го предизвика Теодосиќ оваа сезона. Исклучен беше и на мечот против Будуќност во 20. коло од основниот дел и тогаш, исто така, доби суспензија од три натпревари.


