Бостон Селтикс беше елиминиран од Њујорк во полуфиналето на Источната конференција и со тоа ја пропушти шансата да ја прекине историската низа во НБА.
Во конкуренција за титулата останаа Њујорк, Индијана, Оклахома и Минесота и кој од нив и да триумфира, НБА ќе го добие седмиот различен шампион во последните седум години што се случува првпат во историјата на лигата. И не само тоа, туку во овој период, ниедна екипа не успеа да освои две титули, без разлика дали тоа е во серија или одвоено.
Серијата почна во 2019 година со Торонто, продолжи со Лос Анџелес Лејкерс, па Милвоки, Голден Стејт, Денвер и Бостон.
Претходниот рекорд беше поставен во периодот од 1975 до 1980 година кога по една титула одеше кај: Голден Стејт (1975), Бостон (1976), Портланд (1977), Вашингтон (1978), Сиерл (1978) и Лејкерс (1980).


