Американската кошаркарска јавност е максимално разочарана од довчерашниот тренер на Денвер, Мајк Мелоун кој неславно ја почна својата коментаторска кариера.
До минатиот месец тој го предводеше тимот од Колорадо и се „крстеше“ во Никола Јокиќ со кого освои и шампионска титула во 2023 година. Заедно беа една деценија и сите успеси на Нагетс му ги припишуваше нему, постојано тврдејќи дека тој е најдобар играч во лигата.
Коментаторот Мелоун, очигледно, не се согласува со тренерот Мелоун бидејќи во својата прва анализа се спротивстави на своите досегашни тврдења.
"Shai Gilgeous-Alexander showed why he's the MVP."
Ex-Nuggets coach Michael Malone after the Thunder's Game 1 win 👀
(via @SportsCenter)pic.twitter.com/eIfp7b01RC
— ClutchPoints (@ClutchPoints) May 21, 2025
„Шеј Гилџес Александер покажа зошто е МВП“, рече Мелоун и покрај тоа што Канаѓанецот се уште официјално не е прогласен за најкорисен играч сезонава во НБА.
Истиот тој пред неколку месеци имаше сосема спротивен став по ова прашање.
„Па, тој човек има трипл дабл просек, најдобар е во лигата во три статистички категории, тоа никогаш никој не го направил. Во такви услови, тој освојува МВП во десет од десет случаи и ако не мислите така, зборувате глупости“, рече тогаш тренерот Мелоун.
И тоа не беше се бидејќи во следната изјава, тој ги посочи навивачите на Оклахома како најдобри во лигата и покрај тоа што фановите на Денвер точно една деценија му ја даваа својата поддршка и го издржаа додека немаше резултати.


