Индијана Пејсерс поведе со 1-0 во финалето од Источната конференција откако го победи Њујорк со 138-135 во Медисон сквер гарден.
Победата сама по себе е спектакуларна, но уште поинтересно делува еден податок, поврзан со триуфот на Пејсерс. До синоќа, тимовите кои имале -14 на три минути пред крајот, имале биланс 0-970 што значи дека никој не успеал да се врати од ваква ситуација.
По мечот меѓу Индијана и Њујорк, билансот е 1-970, Пејсерс покажаа дека не се откажуваат до самиот крај, а ова не им е првпат да прават пресврт во финишот од натпреварите во годинашниот плејоф. Претходно надополнија -7 во последната минута во петтиот меч со Милвоки и вториот со Кливленд.


