НБА го објави конечниот биланс во гласањето за МВП наградата која ја доби кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес Александер.
Иако Никола Јокиќ го заврши основниот дел од сезоната со трипл дабл просек, во гласањето тој не бил ни блиску до освојување на четвртото признание за најкорисен играч. Канадскиот кошаркар добил 913, а Јокиќ 787 бода што е огромна разлика ако се спореди ефектот на двајцата кошаркари.

Тие двајца ги освоиле сите 100 номинации, односно првите места при гласањето, само што за Гилџес Александер гласале 71, а Јокиќ 29 од учесниците. Далеку зад нив двајца е Јанис Адетокунбо со 470 бода.


