Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес Александер зад себе има фантастична сезона во која го освои МВП признаието и е избран во идеалната петорка на лигата.
По овие награди и со оглед на стажот што го има во екипата, тој е многу блиску до исполнување на условите за супермакс договор кој треба да му биде понуден во 2026 година. Според правилата на НБА, летово има можност да потпише нов четиригодишен договор за 293 милиони долари, но ако сака да ризикува и да чека дали и идната сезона ќе биде избран во идеалната петорка, догодина би имал 380 милиони долари за пет години што е безмалку 90 милиони повеќе.
Ако се случи такво нешто, канадскиот кошаркар би заработувал годишно во просек по 76 милиони долари и со тоа ќе биде еден од најплатените во историјата на лигата.


