По неполни три минути игра во второто полувреме, прекинат е натпреварот меѓу Будуќност и Црвена Звезда откако белградскиот тим, на општо изненадува одлучи да го напушти теренот и да замине во соблекувална.
Причините за ваквата одлука уште не се познати, но се претпоставува дека се навредите од навивачите на домашниот тим, како и неколкуте фрлени предмети. Непосредно пред заминувањето од теренот на екипата на Црвена Звезда, се случи една непотребна мешаница меѓу играчи на двата тима при борба за топка по што зовреа страстите и на теренот и на трибините.
До моментот на прекинот, Будуќност буквално ја газеше Звезда, имаше предност од 19 поени разлика (61-42), па домашните навивачи, а и неутрални љубители на кошарката коментираа дека кошаркарите на белградскиот тим одлучија на ваков начин да ги лечат своите фрустрации од немоќта на теренот.
Постапката на Црвена Звезда многу наликува на натпреварот во финалето против Партизан од минатата сезона кога исто така кошаркарите заминаа во соблекувална, чекаа противничките играчи да се разотидат, а потоа се вратија на терен и службено ја добија победата.


