Зовриената атмосфера во Подгорица доведе до прекин на почетокот од третата четвртина од дуелот меѓу Будуќност и Црвена Звезда во полуфиналето од АБА лигата.
Гостинските кошаркари го напуштија теренот по една мешаница, односно борба за топка, а портпаролот на Звезда објасни зошто донеле таква одлука.

„Причина за повлекувањето од теренот е тоа што навивачите не гаѓаа со штрафови и чаши. Ако биде уште нешто фрлено на теренот, ќе се испразни цела сала“, рече тој, притоа покажувајќи еден штраф кој, наводно, летнал од трибините.
Во моментот на прекинот Звезда имаше негатива од 19 разлика. Прекинот траеше околу половина час по што и гостинските кошаркари и судиите се вратија на теренот и натпреварот продолжи.


