Иако до пред една деценија не можеше ни да ја примириса титулата во АБА, Црвена Звезда никогаш не доживеала дебакл како синоќешниот од Будуќност во Подгорица.
Црногорскиот тим славеше со 34 поени разлика (104-70) и тоа е најтежок пораз на еден плејоф натпревар на „црвено-белите“ во регионалното натпреварување откако учествуваат во него. До синоќа, антирекордот на Звезда изнесуваше 28 поени, а таков пораз доживеа два пати: во четвртфиналето од сезоната 2007/08 од Олимпија во Љубљана (60-88) и од Партизан во финалната серија во 2022 година (84-112).
Можност да се одмазди за катастрофата, белградскиот тим ќе има в четврток во 20 часот на домашен терен каде сезонава веќе еднаш загуби од Будуќност, во февруари годинава. Ако успее да слави, ќе мора да ја спасува сезоната во Подгорица каде ќе се игра „мајсторката“.


