Поранешниот ас на Сиетл Суперсоникс и еден од најатрактивните кошаркари во историјата на НБА, Шон Кемп обвинет е за напад со огнено оружје по инцидент што се случил во 2023 година.
Тој тогаш пукал на двајца мажи на паркинг од еден трговски центар во градот Такома, во сојузната држава Вашингтон. Кемп се бранеше дека лицата на кои пукал, претходно го обиле неговиот автомобил и тој ги фатил како му претураат во него.
Според обвинението, Кемп првобитно бил обвинет за напад од прв степен со огнено оружје, но потоа додаде уште една точка – пукање од автомобил во движење. Сега обвинението е преиначено во напад од втор степен што со себе носи стандардна казна меѓу три и девет месеци затвор, но максимална изнесува 10 години затвор и 20 илјади долари.


