Откако на претходните два меча од АБА лигата, двајца кошаркари на Црвена Звезда добија суспензии, неспортското однесување на „црвено-белите“ продолжи и вечерва, на дуелот против Будуќност на домашен терен.
Иако белградскиот тим оствари лесна победа, крајот од натпреварот не го дочека Филип Петрушев кој беше исклучен кон средината на третата четвртина поради две технички грешки. Кошаркарот на Црвена Звезда бурно реагираше бидејќи не беше досудена лична грешка врз него по еден постигнат кош, а откако доби техничка, уште пожустро им се нафрли на арбитрите. Тие без размислување му доделија втора техничка грешка и го испратија во соблекувална.
Isključenje Petruševa i reakcija navijača Crvene zvezde – malo predmeta na teren, malo uvreda Aba ligi…#kkcz #zvezda #petrušev #abaliga pic.twitter.com/cSKkTI2oKR
— Sport Klub (@sportklub) May 29, 2025
Петрушев веројатно нема да добие суспензија за ова, но атмосферата која ја создаваат кошаркарите на Црвена Звезда во овој АБА плејоф е исклучително тензична. На „мајсторката“ против Будуќност поради суспензии нема да играат Теодосиќ и Калиниќ, а повредени се уште Давидовац и Боломбој.


