Легендата на српската кошарка Милош Теодосиќ по се изгледа ги игра последните недели како професионалец и по завршувањето на оваа сезона официјално заминува во пензија/
Српскиот Спортски журнал денеска објави дека клубот веќе се подготвува за животот без него, но не се откажува од некогашниот репрезентативец. Според овој извор, Црвена Звезда му понудила две позиции во менаџментот: потпретседател и директор на клубот и Теодосиќ може да избере една од нив.
Со оглед на тоа што е суспендиран во АБА лигата, можно е Теодосиќ веќе да не заигра во ова натпреварување и своето збогување од дресот на Звезда да го има во првенството на Србија. Тој во март наполни 38 години, а неговата професионална кариера трае веќе две децении.


