Индијана Пејсерс го победи Њујорк Никс со 125-108 во шестиот меч од серијата и со вкупно 4-2 обезбеди пласман во големото финале на НБА лигата.
Тоа ќе биде прво учество за овој тим во серијата за титулата по пауза од 25 години откако последен пат таму играше во 2000 и загуби од Лос Анџелес Лејкерс со 2-4. Малкумина очекуваа дека Пејсерс ќе стигнат дотаму оваа година, покрај актуелниот шампион Бостон. но екипата оа Индијанаполис прво го елиминира Милвоки со 4-1, па потоа најдобриот на Истокот по основниот дел од сезоната со идентичен резултат и сега Њујорк со 4-2. Иако ја немаше предноста на домашен терен, клучни беа двете победи во Медисон Сквер Гарден на почетокот на серијата по што Никс не успеаја да се вратат и да направат пресврт.
Домаќините ја имаа контролата над резултатот во текот на целиот натпревар, но најважниот чекор го направија во третата четвртина што ја добија со 34-23 и по 36 минути игра направија предност од 15 разлика. Њујорк се обиде во последната четвртина да ја врати неизвесноста, но не само што не успеа во тоа, туку победата на Индијана на крајот беше уште поубедлива.
Паскал Сијакам со 31 поен беше најефикасен стрелец на овој меч и прогласен за МВП на финалната серија во Источната конференција. Го следеше Тајрис Халибартон со 21 поен и 13 скока, а Оби Топин доаде 18 поени. Кај Никс, најрасположен беше Ануноби со 24 поени, Карл Ентони Таунс додаде 22 поена и 14 скока, а Џејлен Брансон разочара, постигнувајќи само 19 поени.
Финалната серија меѓу Оклахома и Индијана почнува ноќта меѓу 5 и 6 јуни, а предноста на домашниот терен ќе ја има Тандер.


