Откако девет сезони во низа не можеше да стигне до финалето, Партизан обезбеди пласман во серијата за титулата во АБА лигата по четврти пат по ред.
Вечерва „црно-белите“ го совладаа Дубаи со 114-97 и ќе се борат за рекордниот осми трофеј во регионалното натпреварување. И во третиот меч од полуфиналето, една екипа постигна 100+ поени, а малку недостасуваше двете да го направат тоа.
Партизан го сврте резултатот во своја корист во второто полувреме кое го доби со 62-44 откако по 20 минути игра беше во негатива од еден поен. Одлучи третиот период што му припадна на домашниот тим со 34-20 и во него беше скршен отпорот на Дубаи.
Дури осум кошаркари на Партизан постигнаа двоцифрен број поени, најмноги Вашингтон – 18. Идентичен ефект кај Дубаи имаше поранешниот играч на белградскиот тим Давис Бертанс.


