У20 репрезентацијата на Македонија претпладнево во Кале стартуваше со подготовките за она што ја очекува претстојното лето.
Младинците први почнаа со подготовки од петте селекции кои ќе имаат свој настап на меѓународна сцена. Под водство на новиот селектор Горан Самарџиев, од денеска тренираат 23 кошаркари, а во стручниот штаб на довчерашниот тренер на Работнички се Душко Јаковчевски, Трајче Стојанов, Владимир Николовски, Никола Арсиќ и докторот Дарко Гогов.
„Почнуваме со надеж дека ќе имаме една успешна приказна ова лето. Одлучив да им дадеме шанса на сите потенцијални кандидати, оттука на првите тренинзи ќе имаме и поголем број на кошаркари. Оправдано, на почетокот не можеме да сметаме на некои од нив, како Марко Луканоски, кој има обврски со клубот, но очекуваме да се приклучи што е можно порано“, изјави Самарџиев на стартот на подготовките.
Европското У20 првенство Б-дивизија ќе се одржи од 11 до 20 јули во главниот град на Ерменија, Ереван, а во групата со Македонија се Швајцарија, Австрија, Холандија, Грузија и Данска.
На поширокиот список на Самарџиев се наоѓаат следните кошаркари:
Сергеј Младеновски – Вардар
Андреј Чадамов – Тиквеш
Грегориј Јакимовски – Виртус Валмонтоне (ИТА)
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Зетов – МЗТ Скопје Аеродром
Атанасиј Трајанов – Партизан Водно Санс
Бојан Димитриев – Партизан Водно Санс
Павел Иванов – Бартон Колеџ (САД)
Коста Ќириловски – Игокеа (БИХ)
Исак Муареми – Монтебелуна (ИТА)
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)
Ангел Стојанов – Ангели
Матеј Николовски – Флорида Костал (САД)
Јордан Кузманов – Кожув
Дино Лазарeв – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски Универзитет – Оукленд (САД)
Андреј Стојановски – Феникс 2010
Филип Димитриевски – Феникс 2010
Андреј Андоновски – Бутел
Малик Тачи – Чаир 2030
Стефан Јаневски – Мега Баскет


