У18 репрезентација на Македонија во женска конкуренција ги почна подготовките за Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Литванија од 4 до 13 јули.
Кошаркарките, предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, стартуваа со тренинзи во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје. Првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје, а првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.
Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.
ПОШИРОК СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Ања Начевска – Вардар
Мартина Џангаровска – Вардар
Јана Пислевска – Вардар
Теа Трајковска – Вардар
Бојана Николиќ – Вардар
Мила Начевска – Вардар
Дора Алексова – МЗТ Скопје
Ива Колева – Тим Арена – Штип
Теодора Мариновска – МЗТ Скопје
Глорија Груевска – Крива Паланка
Ангела Тасовски – Вардар
Антонија Тодоровска – Крива Паланка
Нена Китановска – Бадел 1862
Јана Чолакоска – Бадел 1862
Кјара Анастасова – Бадел 1862
Бранкица Мегленова – Пробаскет
Лилјана Ѓорѓиева – Пробаскет
Сара Ѓорѓиеска – Охрид
Мила Ќолчевска – Mercede Basket Alghero – ITA
Сара Белковска – Струга 2009
СЕЛЕКТОР: Виктор Петровски


