У20 репрезентацијата на Македонија вчера ги почна подготовките за Европското првенство Б-дивизија што од 11 до 20 јули ќе се одржи во главниот град на Ерменија, Ереван.
На него, нашите кошаркари ќе се обидат да се вратат во А-дивизијата, но тоа ќе мораат да го направат без двајцата најдобри играчи од генерацијата Андреј Шошкиќ и Рубин Стефанов. Шошкиќ на 20 јуни заминува во САД бидејќи во новата сезона ќе почне нова етапа во својата кариера, во НЦАА, додека Стефанов одлучил летото да го искористи за свој личен развој и го известил селекторот Самарџиев дека нема да му се стави на располагање. Двајцата зад имаат одлична сезона, едниот во дресот на Работнички каде со неполни 20 години се промовира во еден од лидерите на тимот, а другиот во Италија.
Што се однесува до репрезентацијата, десетина дена ќе тренира во Скопје, а на 13 и 14 јуни во Тарговиште ќе одигра два пријателски натпревар си соодветната селекција на Романија.
На Европското првенство, Македонија е во групата со Швајцарија, Австрија, Холандија, Грузија и Данска.


