Менаџментот на Њујорк Никс вчера донесе неочекувана одлука да ја прекине соработката со досегашниот тренер Том Тибодо кој беше на клупата последните пет сезони.
Тоа скапо ќе ја чини франшизата бидејќи порани лани потпишаниот договор, треба да му исплата 30 милиони долари за претстојните три сезони. Дури сега, уште полудо звучи одлуката да го избркаат и покрај најголемиот успех на Никс во последните 25 години.
Њујорк стигна до финалето на Источната конференција каде последен пат играше во 2000 година откако прво го совлада Детроит, а потоа и шампионот Бостон, со идентични 4-2.


