Дебитантот во Евролигата, Хапоел Тел Авив има огромни амбиции пред влезот во елитата, а пребогатиот сопственик на клубот не жали пари да направи респектабилна екипа.
Покрај неколкуте суперѕвезди со кои се поврзува Хапоел, не е исклучено во новата сезона да донесе и една НБА суперѕвезда. Станува збор за актуелниот играч на Денвер, Расел Вестбрук кој последните сезони се шета од екипа во екипа и е далеку од своето реноме. Во моментов е на операција, но се најавува заминување од Денвер бидејќи не е во плановите на новиот тренер Дејвид Аделман.
Платата на Вестбрук во Денвер изнесуваше три милиони долари по сезона, но сопственикот на Хапоел е подготвен да му понуди барем двојно повеќе. Ако тоа се оствари, рекордерот по бројот на трипл дабл натпревари во НБА ќе стане најплатен играч во историјата на европската кошарка.


