Кошаркарскиот сојуз на Јамајка е во акција за создавање силна репрезентација која во иднина ќе настапува на големите натпреварувања.
За таа цел, Јамајка ќе го преслика концептот на Бахами кои пред две години направија селекција со кошаркари од НБА лигата кои имаа многу мали врски со островската држава. Всушност, Јамајка, како и Бахами, го искористи новото правило на ФИБА која на земјите во кошаркарски развој им овозможи да имаат во своите редови повеќе од еден натурализиран играч, па дури и такви кои претходно настапуваа за американската репрезентација. Во Бахами, таков беше случајот со Бади Хилд, Ерик Гордон и Диандре Ејтон и таа селекција за малку не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз.
Федерацијата на Јамајка веќе успеа да ги убеди браќата Амен и Аусар Томпсон од Хјустон, односно Детроит чиј татко има потекло од оваа карипска држава. Покрај нив, може да се смета и на поранешниот НЦАА кошаркар Џордан Пауел, како и Џош Смит од Минесота Тимбервулфс.
Има и попознати имиња со кои преговорите се во поодмината фаза, како Скот Барнс од Торонто, Ајзеа Стјуарт од Детроит и Девин Васел од Сан Антонио. Главна цел на репрезентацијата на Јамајка ќе биде пласман на Светското првенство во 2027 година што би било деби на оваа манифестација. Јамајканците досега имаат само едно учество на големите натпреварувања и тоа на ФИБА Америка купот во 2013 година.


