Иако Том Тибодо оствари огромен успех со пласманот во конференциското финале, менаџментот на Њујорк Никс одлучи да го отпушти и веќе се пушти во потрага по негова замена.
Иако како главен фаворит се спомнуваше довчерашниот предводник на Денвер, Мајк Мелоун, американските медиуми денеска тврдат дека во преден план избил Џејсон Кид. Наводно, раководството на франшизата побарала од Далас Маверикс дозвола за почеток на преговори со тренерот кој ги води „телињата“ последните четири години.
Сепак, засега е неизвесно дали самиот Кид е расположен за промена на средината и покрај тоа што Мавс се наоѓаат во период на реорганизација на екипата по заминувањето на Лука Дончиќ во Лејкерс.


