Екипата на Водно Санс ја освои шампионската титула во кадетска конкуренција откако во вечерашното финале го совлада својот голем ривал Вардар со 85-76.
До триумфот дојде благодарение на одличната последна четвртина во која влезе со негатива од четири разлика, а ја доби со 27-14. Само во последните две минути, Водно Санс направи серија од 11-0 со која го сврте резултатот во своја корист, па во последната секунда Вардар само ги постави конечните 85-76 со погодено слободно фрлање поради техничка грешка на клупата на противникот.
Претходно, Водно Санс одлично го почна натпреварот и во петтата минута имаше огромни 18-4 и потоа го контролираше резултатот до средината на третиот период, но Вардар не само што успеа да се врати, туку по една серија од 13-0, поведе со 59-52. По неколку промени на водството, одлуката падна во фантастичниот финиш на Водно Санс.

Безмалку две третини од поените на Водно Санс постигна двоецот Ангеловски-Стаменковски. Првиот беше прогласен за МВП, благодарение на 29 поени, 10 асистенции и 6 скока за индекс 36, а вториот постигна 24 поени и 15 скока, но со далеку полош шут од игра. Кај Вардар убедливо најдобар играш беше Рајковски кој беше блиску до трипл дабл, постигнувајќи 28 поени, 9 скока и 7 асистенции.
Третото место и бронзениот медал во оваа конкуренција го освои ИБА која во „малото финале“ го совлада МЗТ Скопје со 82-61.


