Екипата на Индијана Пејсерс поведе со 2-1 во големото финале во НБА откако ноќеска на домашен терен ја совлада Оклахома со 116-107.
Во последната четвртина госите влегоа со предност од пет разлика, но во тие 12 минути постигнаа само 18 поени и дозволија Индијана да направи пресврт. На седум минути пред крајот беше нерешено (98-98), а потоа Индијана ја стегна одбраната и во финишот прими само девет поени.
Шеј Гилџес Александер беше тотално запрен и во последната четвртина само еднаш се запиша во листата на стрелците и тука треба да се бараат причините за поразот на неговиот тим. Точка на мечот ставија Матуран и Сијакм кои во финишот реализираа и ги решија сите дилеми околу победникот.
Матуран беше најефикасен со 27 поени, а Халибартон беше на чекор од трипл дабл, постигнувајќи 22 поена, 11 асистенции и 9 скока. Вилијамс ја предводеше Оклахома со 26 поени, додека Гилџес Александер застана на 24. Четвртиот натпревар од серијата повторно се игра во Индијанаполис, в сабота рано наутро.


