По пауза од една година, Партизан повторно ја освои шампионската титула во АБА лигата откако во финалната серија ја победи Будуќност со 3-1.
Последниот триумф, „црно-белите“ ја остварија вечерва на домашен терен каде славеа со 90-75. Ова е рекордна, осма шампионска титула за Партизан во регионалното натпреварување со што ја остави Звезда на второто место со седум.
Победата беше остварена благодарение на многу подоброто второ полувреме откако првото беше релативно израмнето и заврши со предност на Партизан од четири разлика (48-44). Во продолжение, домаќините заиграа многу поангажирано на двата краја од теренот, Будуќност не можеше да го следи темпото и дилеми околу победникот немаше уште во третата четвртина. Огромен хендикеп за црногорскиот тим беше повредата што ја доживеа најдобриот играч и МВП на сезоната во АБА лигата, Мекинли Рајт кој го напушти теренот уште во втората минута и не се врати повеќе на него.
Стерлинг Браун и Брендон Дејвис беа најефикасни кај Партизан со по 18 поени, но клучниот фактор на Партизан сепак беше Исак Бонга кој имаше 13 поени и 8 скока за индекс 25. Ферел со 23 поени ја предводешем Будуќност со 23 поени, но на помош му дојде само Танасковиќ кој реализира 14.
Со овој триумф Партизан ја спаси сезоната откако претходно загуби од Црвена Звезда во финалето од Купот на Србија, а во Евролигата не успеа да се пласира ни во плејаутот.


